Врз основа на Решение бр.УП1 08-103 од 17.12.2014 година на Комисијата за хартии од вредност е дадена согласност на Одлуката бр.02-1759/1 за измени и дополнувања на Тарифникот за висина на надоместоците на Македонска берза АД Скопје, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 28.11.2014 година.
Пречистениот текст на Тарифникот за висина на надоместоците на Македонска берза АД Скопје ќе започне да се применува од 25.12.2014 година. Истиот можете да го преземете преку следниот линк: http://www.mse.mk/mk/content/6/10/2009/mse-act-for-commission-and-fees