Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 24 декември 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.12.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 40 сопствени обични акции по цена од 7.900 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.12.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макстил АД Скопје – 381 oбични акции;
-РЖ Економика АД Скопје – 16 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 140 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 4 обични акции;
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 17 обични акции.