Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 23.12.2004 година
петок, 24 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 23.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.634 сопствени обични акции, и тоа:
o 235 акции по цена од 1.998 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 1.399 акции по цена од 1.999 денари за една акција, преку 11 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 23.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ОХИС АД Скопје – 145 обични акции;
- ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 52 обични акции;
- Бетон АД Скопје – 30 обични акции;
- Комерцијална банка АД Скопје – 55 обични акции, 75 приоритетни акции;
- ГД Тиквеш АД Кавадарци – 19 обични акции.