Одборот на директори на Македонската берза донесе Одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Герас Цунев Конфекција АД Струмица со ИСИН MKGECK101012 и со шифра GECK и Герас Цунев Трговија АД Струмица со ИСИН MKGECT101013 и со шифра GECT, поради трансформација на друштвата во друштва со ограничена одговорност едно лице (д.о.о.е.л.). Акциите издадени од Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи од 24.11.2025 година (понеделник).
Исклучување од котација на акциите издадени од Герас Цунев Конфекција АД Струмица и Герас Цунев Трговија АД Струмица
понеделник, 24 ноември 2025