Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. Берзата во рамките на своите заложби за перманентен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, а со цел овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, се вклучува во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост преку нејзините едукативни алатки: квиз на пазарот на капитал и едукативни видеа.
Линк до квизот на пазарот на капитал: https://www.mse.mk/mk/content/22/1/2020/quiz-securities-market
Линк до едукативните видеа: https://www.mse.mk/mk/content/18/9/2018/educational%20-video
Деновите на финансиска писменост се организираат од финансиските регулаторни институции, како членки на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, a во соработка со приватниот финансиски сектор.