Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.11.2008 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на:
-39 сопствени обични акции по цена од 7.316 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 21.11.2008 година Алкалоид АД Скопје изврши откуп на:
-200 сопствени обични акции по цена од 3.302 денари за една акција, преку 6 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.11.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје - 21 oбична акција,
- РЖ Институт АД Скопје - 5 oбични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје - 22 oбични акции,
- Макстил АД Скопје - 488 oбични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 179 oбични акции,
- Тутунски Комбинат АД Прилеп - 124 oбични акции.