Откуп и продажба на сопствени акции од котирани друштва на 23.11.2004 година
среда, 24 ноември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 23.11.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 36 сопствени обични акции, по цена од 12.403 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Скопски пазар АД Скопје изврши откуп на 10 сопствени обични акции, по цена од 2.650 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 250 сопствени обични акции, и тоа:
o 39 акции по цена од 1.849 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 211 акција по цена од 1.850 денари за една акција, преку 8 трансакции.
На 23.11.2004 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 950 сопствени обични акции, по цена од 2.090 денари за една акција, преку 1 трансакција.