Известување од Инвестбанка АД Скопје
среда, 24 ноември 2004
Инвестбанка АД Скопје до Македонската Берза ја достави Одлуката за купување на сопствени акции донесена на 31.03.2004 година од страна на Собранието на акционери на Банката.
Со Одлуката се одобрува откуп на 1.872 акции во вкупна номинална вредност од 5.000.000 денари. Најниската цена по која можат да се откупат акциите изнесува 1.000 денари, додека највисоката цена изнесува 2.670 денари по акција.
Сосптвените акции Инвестбанка АД Скопје ќе ги откупува на начин и постапка предвидени со Законот за хартии од вредност, на товар на средствата од добивката или од посебните резерви утврдени со последната годишна сметка.