Годишно Собрание на Витаминка АД Прилеп
понеделник, 24 ноември 2003
Витаминка АД Прилеп ги известува сите акционери дека Собранието на друштвото ќе се одржи на 24.12.2003 година во работничката менза на друштвото, на ул. “Леце Котески“ бр.23, Прилеп, со почеток во 14:00 часот. Учеството на Собранието на Друштвото треба да се пријави кај правната служба, најдоцна три дена пред неговото одржување.
Дневниот ред на седницата на Собранието е следниот:
1. Отворање на седницата на Собранието на друштвото и утврдување на претпоставки за работа на Собранието;
2. Избор на записничар и двајца оверувачи на записникот;
3. Именување на ревизор за годишната сметка за 2003 година.