На седницата одржана на 25.12.2019 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација:
- Современ дом АД Прилеп, поради ненавремено објавување на материјали за Собрание на акционери, со што не постапи во согласност со член 39 став 5 од Правилата за котација; и
- Агромеханика АД Скопје, поради ненавремено објавување на одлуки од Собранието на акционери со што не постапи согласност член 39 став 7 од Правилата за котација