Јавен повик за свикување на собрание на акционери на АД Млаз Богданци по одлука на суд
четврток, 24 јануари 2013
На ден 24.01.2013 година, лицето Петар Шимов поднесе до Берзата барање за објавување на интернет страницата на Берзата на јавен повик за свикување на Собрание на акционери на АД Млаз Богданци со одлука на суд. Во прилог на Барањето е доставено Решение бр.66/12 донесено од Основен суд Велес на ден 16.01.2013 година во кое, меѓу другото, е наведено дека се назначува лицето Петар Шимов да свика Собрание на акционери на АД Млаз Богданци “најдоцна во рок од 8 дена од доставувањето на одлуката на судот со која се наложува свикување на собранието “ и дека судот му наложува на лицето Петар Шимов да го објави јавниот повик и “на официјалната интернет страница на Македонска берза каде што котираат акциите на друштвото“. Во прилог на барањето е доставена и копија од објавата на јавниот повик до акционерите на АД Млаз Богданци за закажување на седница на Собранието на акционери на АД Млаз Богданци во дневниот весник Дневник на ден 18.01.2013 година, која ја објавуваме на следниов линк.