Известување од Охридска банка АД Охрид
понеделник, 24 јануари 2005
Во врска со објавените информации дека „ДЗИ“ Бугарија искажала интерес за купување на управувачки пакет на Охридска банка АД Охрид, банката информира за следното:
„На барање на „ДЗИ“ Бугарија е воден неофицијален информативен разговор со преставниците на наведената фирма во октомври минатата година, на кој искажаа поширок интерес за стратешко влегување во Македонскиот банкарски и осигурителен пазар.
На разговорите им беше објаснета позицијата на Охридска Банка во Македонското банкарство и стратегијата за развој на банката донесена од највисокиот орган на банката Собранието на акционери, каде не е предвидена стратешка продажба на банката ниту пак постои интерес кај мнозинскиот дел на постоечките акционери за таква трансакција со оглед на резултатите на Охридска банка кои се натпросечни на банкарскиот пазар во Македонија.
Единствено беше соопштено дека Охридска банка е акционерско друштво кое котира на официјалниот пазар на Македонската берза за долгорочни харти од вредност , дека Банката има објавено јавен повик за упис на акции во висина од околу 40 милиони денари и дека единствено може да се отвори прашање само за она што е вградено во актите на банката, а тоа е докапитализација во смисла на свеж поевтин капитал, намалени трошоци и имиџ на позната и реномирана светска финансиска институција.
Со оглед на интересот стратешко купување кое не е во согласност со Развојната и Деловна политика на Банката усвоена од највисоките органи на управување разговорите беа без конкретен резултат.“