Известување од ОХИС АД Скопје
понеделник, 24 јануари 2005
Во врска со објавената информација во дневниот весник „Вест“ од 21.01.2005 година дека руската компанија „Лукоил“ има намера да купи управувачки пакет од „ОХИС“ АД Скопје, ОХИС АД Скопје информира дека во написот е наведено дека овие преговори ги води Владата на Република Македонија. ОХИС АД Скопје не бил вклучен во овие преговори и за нив дознал од информацијата во „Вест“.