Меморандум за соработка
петок, 24 јануари 2003
Во рамките на Проектот за регионално поврзување, денес во Белград Македонската берза АД Скопје и Белградската берза потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Извршниот директор на Македонската берза АД Скопје, Д-р Евгени Зографски и Генералниот директор на Белградската берза, г-ѓа Гордана Доставиќ. Со Меморандумот се предвидува продлабочување на соработката помеѓу двете берзи и размена на информации, како прва фаза од взаемното и регионално поврзување. Истовремено е остварена средба на претставници на брокерското здружение од Македонија и брокерското здружение од Србија. На средбата е расправано за можните правци за унапредувањето на соработката помеѓу брокерските куќи и развојот на пазарот на капитал помеѓу двете држави.