ОТКУП НА СОПСТВЕНИ АКЦИИ И НЕТРГОВСКИ ТРАНСФЕР НА АКЦИИ НА КОТИРАНИ ДРУШТВА
вторник, 23 јули 2013
Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното: На 22.07.2013 година Тетекс АД Тетово изврши откуп на: -50 сопствени обични акции по цена од 390,00 денари за една акција, преку 1 трансакција. Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 22.07.2013 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва: - Тутунски Комбинат АД Прилеп –117 обични акции - Македонски Телеком АД Скопје –300 обични акции