Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
понеделник, 23 јуни 2025

Ве известуваме дека на 26.06.2026 година (Четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба 27 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 38.273.474,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.