Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 20.06.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на:
-6 сопствени обични акции по цена од 36.000 денари за една акција, преку 2 трансакции;
На 20.06.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-50 сопствени обични акции по цена од 6.501 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 20.06.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 4 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје – 1 обична акција,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 4 обични акции,
- Макстил АД Скопје – 90 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 33 обични акции,
- Тетекс АД Тетово – 52 обични акции.
Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 23 јуни 2008