Согласно дописот од Министерството за финансии на Република Македонија, на 28, 29 и 30 Мај 2008 година (среда, четврток и петок) привремено се прекинува тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за денационализација (I, II, III, IV, V и VI емисиjа) со шифри на тргување РМДЕН01, РМДЕН02, РМДЕН03, РМДЕН04, РМДЕН05 и РМДЕН06, заради исплата на рата и камата на обврзниците.
Тргувањето со Обврзниците издадени од Република Македонија за денационализација ќе продолжи во понеделник, 02 Јуни 2008 година.