Одлука на Одборот на директори во врска со ценовни ограничувања - статички лимити
петок, 23 април 2010
Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје на својата седница одржана на 22.04.2010 година, донесе Одлука за критериумите и начинот за времено отстранување и повторно воспоставување на ценовните ограничувања (статички лимити) при тргувањето со хартиите со вредност, која е објавена на веб страницата на Македонска берза, во делот “Регулатива”-“Акти на берзата”- “Правила за тргување”- Одлуки кои произлегуваат од правилата за тргување.
 
Со оваа Одлука, почнувајќи од понеделник, 26.04.2010 година, секој последен понеделник во месецот Берзата ќе ги отстранува ценовните ограничувања (статички лимити) кај хартиите од вредност кои се тргуваат во режимот на аукциско тргување и со кои не се склучила ниту една трансакција во претходните 5 (пет) дена на тргување (не земајќи ги предвид администраторските и системските блок трансакции).
  
Доколку со определена хартија од вредност за која биле отстранети ценовните ограничувања биде склучена трансакција/трансакции во вредност над 300.000 денари (не земајќи ги предвид администраторските и системските блок трансакции), следниот ден на тргување тргувањето со таа хартија од вредност продолжува со ценовни ограничувања (статички лимити), земајќи ја како основа за ценовните ограничувања последната официјална дневна просечна цена.
 
Имајќи го предвид наведното Ве известуваме дека на веб страницата на Македонска берза во делот “Прегледи”-“Прегледи за ХВ”,  во прегледот “Распоред на ХВ по режим на тргување” се објавени листи на хартии од вредност прикажани според режимот на тргување и ценовните ограничувања и во иднина овие листи ќе се ажурираат согласно споменатата Одлука.