Прекин на тргувањето на сите пазари на Берзата
понеделник, 23 март 2020

Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од  3,51% , а согласно член 58а од Правилата за тргување, Ве известуваме дека Македонска берза во 11:27:42 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени.