Исклучување од котација на акциите издадени од РЖ КПОР АД Скопје
четврток, 23 февруари 2017

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 22.02.2017 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од РЖ КПОР АД Скопје, заради отворена стечајна постапка врз друштвото.

Акциите издадени од РЖ КПОР АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 24.02.2017 година (Петок).