Известување од Благој Ѓорев АД Велес
понеделник, 23 февруари 2004
До Македонската Берза е доставено известување од Благој Ѓорев АД Велес во кое е наведено следното: По повод најновите збиднувања објавени во електронските и печатени медиуми, а во врска со одржаното Собрание на Благој Ѓорев АД Велес на ден 16.01.2004 година, и по донесената Одлука од Основниот суд Скопје I Скопје за одбивање на барањата за упис на промени во Трговскиот регистар, легитимно раководство во Благој Ѓорев АД Велес е раководството на чело со Извршниот директор Горанчо Лазов.