Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфер на акции на котирани друштва
понеделник, 23 декември 2024

Врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 20.12.2024 година Витаминка АД Прилеп изврши откуп на: 
-4 сопствени обични акции по цена од 11.000,00 денари за една акција, преку една трансакција.
-315 сопствени обични акции по цена од 11.000,00 денари за една акција, преку една системска блок трансакција.

Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 20.12.2024 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва:

- Комерцијална банка АД Скопје - 30 обични акции
- Македонски Телеком АД Скопје - 300 обични акции
- Реплек АД Скопје - 34 обични акции