Откуп на сопствени акции на котирани друштва на 22.12.2005
петок, 23 декември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 22.12.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 190 сопствени обични акции по цена од 36 денари за една акција, преку 1 трансакциja;
На 22.12.2005 година Реплек АД Скопје изврши откуп на 60 сопствени обични акции по цена од 20.178 денари за една акција, преку 1 трансакциja;
На 22.12.2005 година Интернешенел Хотелс АД Скопје изврши откуп на 4.100 сопствени обични акции по цена од 600 денари за една акција, преку 1 трансакциja;