Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 22.12.2004 година
четврток, 23 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 22.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.078 сопствени обични акции, и тоа:
o 4 акции по цена од 1.899 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 74 акции по цена од 1.900 денари за една акција, преку 3 трансакции;
o 215 акции по цена од 1.940 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 10 акции по цена од 1.950 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 344 акции по цена од 1.990 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 200 акции по цена од 1.995 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 231 акција по цена од 1.999 денари за една акција, преку 4 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 22.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово – 193 обични акции;
- КИБ АД Куманово – 2 приоритетни акции;
- ВВ Тиквеш АД Кавадарци – 227 обични акции.