Известување од Скопски пазар АД Скопје во врска со порастот на цената на акциите во последните денови на тргување
четврток, 23 декември 2004
Во врска со постојаниот пораст на цената на акциите на Скопски пазар АД Скопје во последните денови на тргување, Скопски пазар АД Скопје достави известување до Македонската Берза во кое е наведено дека друштвото нема никакви сознанија за званична заинтересираност на некој инвеститор за легално купување на фирмата. Последните настани на Берзата Скопски пазар АД Скопје ги толкува како обид за непријателско влегување во друштвото.