Од 21-ви до 23-ти ноември годинава се одржува седмото издание на Деновите на финансиската писменост. Македонска берза во рамките на своите заложби за развој на македонскиот пазар на хартии од вредност, а со цел овозможување на висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, се вклучува во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост.
Берзата во соработка со образовните институции континуирано организира едукативни настани со цел доближување и популаризирање на инвестирањето во хартии од вредност за зголемување на финансиската писменост во општеството.
Деновите на финансиска писменост се организираат од финансиските регулаторни институции, a во соработка со приватниот финансиски сектор.