Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 23.11.2018 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Топлификација АД Скопје, заради стечај на друштвото.
Акциите издадени од Топлификација АД Скопје ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 26.11.2018 година (Понеделник).