Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 22.11.2005
среда, 23 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 22.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на сопствени обични акции и тоа:
-221 обични акции по цена од 39 денари за една акција, преку 1 трансакциja;
-478 обични акции по цена од 40 денари за една акција, преку 2 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 22.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Tутунски комбинат АД Прилеп – 117 обични акции.