Известување од Адинг АД Скопје
среда, 23 ноември 2005
Адинг АД Скопје известува дека собранието на друштвото на ден 16.11.2005 година донело одлука за зголемување на основната главнина на друштвото со преобразба на резервите и соодветно зголемување на номиналната вредност на постоечките акции без да се менува нивниот број. Со одлуката се менува член 5 од статутот на Адинг АД скопје, кој гласи:
1.Основната главнина на друштвото се зголемува од средствата на друштвото во износ од 84.903.000,00 денари што претворено во ЕВРА по среден курс на НБМ на денот пред донесувањето на оваа одлука изнесува 1.388.057 ЕВРА.
Основната главнина на друштвото се зголемува со преобразба на резервите на друштвото кои го преминуваат износот на законските резерви и за коишто нема определена друга намена.
2.Основната главнина на друштвото по извршеното зголемување изнесува 3.857.636 ЕВРА, односно во денари 212.898.000,00.
3.Основната главнина се зголемува со зголемување на номиналниот износ на издадените акции. Зголемувањето на номиналниот износ на акциите се врши така што досегашниот номинален износ на секоја акција од 51,13 ЕВРА се зголемува за 28,74 ЕВРА.
4.Основната главнина ја сочинуваат вкупно 48.300 обични акции.
5.Зголемената номинална вредност на една акција изнесува 79,87 ЕВРА.
6.Датумот на зголемување на основната главнина е 16.11.2005 година.
Управниот одбор, акциите запишани во акционерската книга со состојба на ден 16.11.2005 година ќе ги замени со акциите со зголемен номинален износ и ќе побара оваа измена да биде внесена во акционерската книга, за што ќе го извести Централниот депозитар за хартии од вредност.