Известување од Охридска банка АД Охрид
вторник, 23 ноември 2004
Охридска банка АД Охрид известува дека на 24.11.2004 година (среда), со почеток во 12 часот, во салата за состаноци на хотелот „Горица“ во Охрид ќе биде одржана XII-та седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Охрид.
За работа на XII-та седница на Собранието, Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид го предлага следниот Дневен ред:
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието,
2. Избор на работни тела:
- Верификациона комисија,
- Записничар и двајца заверувачи на записникот,
3. Извештај на Верификационата комисија.
II. Работен дел
1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел,
2. Усвојување на записникот од XI-та седница на Собранието на Банката,
3. Воведно излагање на членот на Работоводниот орган на Банката,
4. Разгледување на Извештајот за работењето на Охридска банка АД Охрид за период Јануари-Септември 2004 година,
5. Предлог-Одлука за продолжување на мандат на Претседател на Собранието на Охридска банка АД Охрид,
6. Предлог-Одлука за продолжување на мандат на членови на Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид.