Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
среда, 23 јануари 2008
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 22.01.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
- 195 сопствени обични акции по цена од 8.000 денари за една акција, преку 6 трансакции;
- 32 сопствени обични акции по цена од 7.951 денар за една акција, преку 1 трансакција;
- 50 сопствени обични акции по цена од 7.901 денар за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 22.01.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-АДГ Маврово АД Скопје – 63 oбични акции;
-ОХИС АД Скопје – 60 обични акции.