Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 22.01.2007
вторник, 23 јануари 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 22.01.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 120 сопствени обични акции по цена од 2.950 денари за една акција, преку 3 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 22.01.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Макпетрол АД Скопје – 22 обични акции,
- ОХИС АД Скопје – 140 обични акции.