Исклучување од котација на Континуираната државна обврзница број 2 во 2005 година
вторник, 23 јануари 2007
На седницата одржана на 23.01.2007 година Одборот на директори на Македонската Берза, донесе одлука за исклучување од котација на Континуираната државна обврзница број 2 во 2005 година издадена од Република Македонија, по барање на Министерството за финансии поради предвремен откуп на обврзницата.
Континуираната државна обврзница број 2 во 2005 година се исклучува од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 24.01.2007 година.