Известување од Отекс АД Охрид
понеделник, 23 јануари 2006
Отекс АД Охрид известува дека фирмата "Фани - Скопско пиво - Екстра" ДООЕЛ Струмица, преку 2 (две) трансакции на ден 20.12.2005 година и на 6.01.2006 година преку Македонската берза се стекнала со 7.46 % од вкупниот број на акции со право на глас, од издавачот Холдинг Компанијата "Отекс" АД Охрид . Исто така, известува дека и фирмата "КБК" ДОО од Струга, преку трансакција на Македонската берза на ден 17.01.2006 година се стекнала со 9.90% од вкупниот број на акции со право на глас од издавачот Холдинг Компанијата "Отекс" АД Охрид .