Проширување на котација на државни обврзници
четврток, 22 септември 2022

Ве известуваме дека согласно барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за проширување на котација на државни обврзници, почнувајќи од 23.09.2022 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација се проширува котацијата на емисијата на државните обврзници со ИСИН број MKMINF20GY40 која првично беше котирана на 13.09.2022 година со издадени  47.660 обврзници во вредност од 476.600.000,00 МКД и за која беше извршено проширување на котација на 22.09.2022 година со издадени 39.780 обврзници, после што емисијата на овие државни обврзници ги има следниве карактеристики: 

 Шифра на тргување: M090937
 ИСИН: MKMINF20GY40
 Број на новоиздадени хв: 39.780
 Вкупен број на изададени хв: 87.440