На 22.09.2014 година Комисијата за берзански индекс изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ.
Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12) и Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13).
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза - ОМБ, имајќи го предвид критериумот за вклучување нов елемент во индексот, односно остварено најмалку 30 дена на тргување како и земајќи предвид дека тргувањето со новоиздадената Тринаесетта емисија на обврзници за денационализација има доминантно учество во тргувањето со обврзници на Македонската берза, а со цел индексот ОМБ реално да ги прикажува движењата на цените на обврзниците на Македонската берза, Комисијата одлучи Тринаесетта емисија на обврзници за денационализација да биде вклучена во индексот ОМБ.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 23.09.2014 година.
Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2014 година.