Нетрговски трансфер на акции на котирани друштва
вторник, 22 септември 2009
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 18.09.2009 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):

 

- Алкалоид АД Скопје – 51 обична акција;

- Охис АД Скопје – 160 обични акции;

- Макстил АД Скопје – 350 обични акции;

- Витаминка АД Прилеп – 20 обични акции.