Откуп на сопствени акции на котирани друштва на 21.09.2005
четврток, 22 септември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 21.09.2005 година следново котирано друштво изврши откуп на сопствени акции:
РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 1.356 сопствени обични акции и тоа:
-780 обични акции по цена од 33 денари за една акција, преку 4 трансакции,
-576 обични акции по цена од 34 денари за една акција, преку 3 трансакции