Известување од Комисијата за хартии од вредност
четврток, 22 септември 2005
Комисијата за хартии од вредност, постапувајќи по член 16 од Правилникот за содржината и начинот на водење Регистар на акционерски друштва, на ден 14.09.2005 година изврши бришење на едно друштво од Регистарот, со што вкупниот број на акционерски друштва кои се водат во Регистарот изнесува 163. Од Регистарот на акционерски друштва, поради неипсолнување на критериумите од член 55б, односно 55д од Законот за хартии од вредност, избришани е следното друштво: -Енергоинвест Благој Тодоров АД Скопје