На седницата одржана на 21.07.2008 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Континуираната државна обврзница бр.2 во 2008 и Континуираната државна обврзница бр.3 во 2008 година.
Континуираната државна обврзница бр.2 во 2008 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.2 во 2008 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 160.200.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 16.020;
- Датум на издавање: 05.05.2008 година;
- Каматна стапка: 6,95% годишно. Каматата се пресметува од 05.05.2008 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 05.05.2010 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 05.05., во период од две години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на две години од издавањето, односно на 05.05.2010 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 23.07.2008 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G150;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО160510.
Континуираната државна обврзница бр.3 во 2008 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.3 во 2008 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 50.000.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 5.000;
- Датум на издавање: 30.06.2008 година;
- Каматна стапка: 8% годишно. Каматата се пресметува од 30.06.2008 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 30.06.2011 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 30.06., во период од три години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на три години од издавањето, односно на 30.06.2011 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 23.07.2008 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G168;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО180611.