Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.06.2006
четврток, 22 јуни 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.06.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 212 сопствени обични акции по цена од 35 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 21.06.2006 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на:
-50 сопствени обични акции по цена од 2.420 денари за една акција, преку 1 трансакција;
-60 сопствени обични акции по цена од 2.421 денар за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.06.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје –126 обични акции.