Ревидиран извештај за 2004 и дивиденден календар на Гранит АД Скопје
среда, 22 јуни 2005
Гранит АД Скопје на 20.06.2005 година до Берзата го достави ревидираниот извештај за 2004 година, кој може да се најде на интернет страницата на Македонската берза, во делот Друштва и пазари.
Воедно, истиот ден Гранит АД Скопје ја достави и Одлуката за утврдување дивиденден календар за 2005 година, донесена од Собранието на друштвото. Имајќи предвид дека стандардната процедура е сите доставени одлуки Берзата да ги споредува со одредбите пропишани во Правилникот за котација на хартии од вредност, на 21.06.2005 година Берзата писмено се обрати до Гранит АД Скопје со барање друштвото да ги прецизира деталите од Одлуката, особено усвоената дивиденда за 2004 година, датумот на пресек на акционерската книга, последниот ден на тргување со право на дивиденда, првиот ден на тргување без право на дивиденда и рокот за исплата на дивиденда за 2004 година.
Истиот ден Гранит АД Скопје достави одговор во кој е наведено дека усвоениот износ на нето дивиденда за 2004 година е 10 денари по акција, последен ден на тргување со право на дивиденда за 2004 година е 30.04.2005 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2004 година е 04.05.2005 година.