Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на котирани друштва на 21.06.2005
среда, 22 јуни 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 21.06.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 166 сопствени обични акции, по цена од 4.500 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.06.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 1.216 обични акции;
-ЕМО АД Охрид – 60 обични акции.