Ревидиран извештај за 2003 година на Рудници Бањани АД Скопје
вторник, 22 јуни 2004
Рудници Бањани АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 391.000 денари. Вкупната актива на Рудници Бањани АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 234.375.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 22.416.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Рудници Бањани АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.