Kотација на Деветтата емисија на обврзници за денационализација
четврток, 22 април 2010

На седницата одржана на 22.04.2010 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Деветтата емисија на обврзници за денационализација.

 

Деветтата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:

-          Вид на хартијата од вредност: Деветта емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;

-          Издавач: Република Македонија;

-          Вкупен износ на емисијата: 30.000.000 евра;

-          Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;

-          Број на издадени обврзници во емисијата: 30.000.000;

-          Датум на издавање: 21.04.2010 година;

-          Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 21.04.2010 година;

-          Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2020 година;

-          Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2011 година;

-          Почеток на тргување со обврзниците: 26.04.2010 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;

-          ИСИН: MKMINF200D92;

-          Шифра за тргување на Берзата: RMDEN09;

-          Распоред на тргување: Континуирано тргување.