Котација на Континуираната државна обврзница бр.1 во 2008
вторник, 22 април 2008
На седницата одржана на 21.04.2008 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Континуираната државна обврзница бр.1 во 2008.
Континуираната државна обврзница бр.1 во 2008 е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Континуирана државна обврзница бр.1 во 2008 година, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 300.000 МКД;
- Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 30;
- Датум на издавање: 31.03.2008 година;
- Каматна стапка: 6,75% годишно. Каматата се пресметува од 31.03.2008 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 31.03.2011 година;
- Начин на отплата: Каматата се исплатува еднаш годишно, на 31.03., во период од три години. Главнината пристигнува за исплата по истекот на три години од издавањето, односно на 31.03.2011 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 23.04.2008 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF20G143;
- Шифра за тргување на Берзата: ДО160311.