Известување од Стопанска банка АД Битола
четврток, 22 април 2004
Стопанска банка АД Битола известува дека, на предлог на Управниот одбор, Собранието на Банката на својата XVI-та седница, одржана на 24.03.2004 година, донело Одлука за откуп на сопствени акции.
Согласно Одлуката, Стопанска банка АД Битола може да врши откуп на сопствени акции до 10% од вкупните акции на Банката. Откупот на сопствените акции ќе се врши во согласност со Правилата за откуп на сопствени акции, донесени од Управниот одбор на Банката, а во случаи за кои ќе се оцени дека нема да има негативно влијание врз ликвидноста на Банката. За откуп на сопствени акции Банката има обврска претходно да издвои посебна резерва во висина на акциите кои ќе се откупат, а со која не смее да се располага до продажбата или поништувањето на откупените акции. Се овластува Управниот одбор на Банката да донесе Одлука за продажба на сопствените акции во рок од една година од денот на стекнувањето.