Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.03.2006
среда, 22 март 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 21.03.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 1.302 сопствени обични акции по цена од 37 денари за една акција, преку 7 трансакции;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.03.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Карпош АД Скопје – 21 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 31 обични акции,
-Комуна АД Скопје – 58 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 682 обични акции,
-РЖ Услуги АД Скопје – 251 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 29 обични акции,
-Фершпед АД Скопје – 9 обични акции,
-Гранит АД Скопје – 290 обични акции,
-РЖ Институт АД Скопје – 8 обични акции.