Продажба на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 21.03.2005 година
вторник, 22 март 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 21.03.2005 година следните котирани друштва извршија продажба на сопствени акции:
- Охридска банка АД Охрид изврши продажба на 1.966 сопствени обични акции, и тоа:
o 1.933 акции по цена од 2.999 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 15 акции по цена од 3.000 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 18 акции по цена од 3.001 денар за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 21.03.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Бетон АД Штип - 9 обични акции;
- Емо АД Охрид - 38 обични акции;
- Агроплод АД Ресен - 22 обични акции;
- ЗК Пелагонија АД Битола - 63 обични акции.